Претставници на Јуве сакале да одат во Мадрид на преговори за Марсело, но коронавирусот не дозволува

by
1 минути читање

Марсело се мачи со формата оваа сезона, често беше и на клупата за резервни фудбалери.

Но од Јувентус веруваат дека тој би можел да пружи одлични партии во црно-белиот дрес и сакаат да го соединат со Кристијано Роналдо, двајцата имаа одличен однос во Реал Мадрид.

Шпанскиот весник пишува дека пред стопирањето на сезоната, претставници на Јувентус планирале да одат во Мадрид на преговори за Марсело, но коронавирусот не го дозволи тоа.

Италија и Шпанија се двете најзагрозени европски земји од коронавирусот, па преговорите се одложени за некои подобри времиња.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ пишува дека Јувентус е подготвен да му понуди на Марсело четиригодишен договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×