Претседателот на Спортинг остро кон Ѓокереш: Закани, уцени и навреди не поминуваат кај мене!

by bojan
1 минути читање

Спортинг и Виктор Ѓокереш влегоа во војна, фудбалерот ги избриша „лавовите“ од социјалните мрежи поради недоразбирање околу условите под кои може да го напушти клубот.

Виктор Ѓокереш има откупна клаузула од 100 милиони евра, но се шпекулираше дека напаѓачот има џентлменски договор со Спортинг според кој ќе може да напушти клубот за 60+10 милиони евра.

Но изминативе денови се шпекулираше дека клубот од Лисабон поставил повисока цена, па Швеѓанецот се налутил и на социјалните мрежи избриша се што го поврзуваше со Спортинг.

Денеска се огласи и претседателот на „лавовите“, кој ја раскажа нивната страна на приказната.

„Можам да ви гарантирам дека Виктор Ѓокереш нема да замине за 60+10 милиони евра, бидејќи никогаш не сум ветил нешто такво“ – вели Фредерико Варандас.

„Неговиот агент беше загрижен дали ќе бараме да биде платена откупната клаузула, бараа одредени гаранции.

„Дали нешто договоривме? Им кажав дека нема да бараме да се плати откупната клаузула, ниту еден играч кој заминува од Португалија на 27 години нема цена од 100 милиони евра“.

„Тие сакаа да одредиме цена, им кажав дека не може да го сториме тоа и дека само можеме да им гарантираме дека нема да бараме 100 милиони евра“.

Тој потоа додаде: „Треба една работа да знаат: закани, уцени и навреди не поминуваат кај мене. Ако агентот продолжи со ваквото однесување, само ќе ја влоши ситуацијата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани