Претседателот на Рома крена бело знаме: Ограбени бевме, баравме ВАР, повторно исто, се предавам (ВИДЕО)

by
3 минути читање

ВАР технологијата
донесе бура од незадоволство во Италија по елиминацијата на Рома во
осминафиналето од Лигата на шампионите, турскиот арбитар Чунејт Чакир за момент
се најде во центарот на вниманието, но, во негативна конотација.

Од Рома бурно
реагираа по ситуацијата каде според нив над Шик бил направен прекршок за
најстрога казна, но, до одлука за пенал за гостите не дојде, ниту беше прегледана снимката од спорната ситуација.

Со писмо до
јавноста се обрати Џим Палота, претседателот на Рома, каде посочи дека и покрај
тоа што ланската сезона неговиот тим бил оштетен, мислејќи на реванш
пресметката со Ливерпул на домашен терен, иако побарале ВАР технологија и
истата била воведена, овој пат, неговата екипа повторно е „ограбена“, како што
вели Палота.

Лани побаравме
ВАР во Лигата на шампионите бидејќи бевме оштетени во полуфиналето, истото се
случи и вечерва, тие го имаа ВАР и ние повторно сме ограбени. Патрик Шик беше
отсечен во казнениот простор, ВАР тоа го докажува, и ништо не ни беше доделено,
уморен сум од сево ова, се предавам
“ беше писмото на претседателот на Римската
волчица.

Еве го спорниот момент во 120. минута од судиското надополнување, каде при резултат 3-1 за Порто, Рома ќе имаше можност да намали на 3-2 од пенал, а тој резултат би ја одвел во четвртфиналето, со оглед на победата од 2-1 на домашен терен, односно, повеќе голови на гости од Португалците. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани