Претседателот на Наполи бесен на играчите: Само вистинскиот Наполитанец одигра добро на Бернабеу

by
1 минути читање

Наполи одлично почна на Сантијаго Бернабеу, Лоренцо Инсиње уште во 8. минута постигна гол за водство од 1-0. Но потоа Реал Мадрид ја почна својата доминација, го доби натпреварот со 3-1 а можеше да слави и многу поубедливо.

Де Лаурентис има пофалби само за Инсиње, фудбалерот кој е роден во Неапол.

„Мислам дека на момците им недостасуваше наполитанска дрскост вечерва. Единствен кој го покажа тоа беше Наполитанецот, Инсиње кој постигна добар гол“ – вели Де Лаурентис.

„Останатите единствено не постоеа. Како да беа импресионирани од големите играчи на Реал Мадрид кои не ни одиграа толку добро на натпреварот“.

„Дури може да кажеме и дека добро поминавме бидејќи можевме да загубиме со пет или шест голови“.

„Во Неапол ќе биде пекол, но можам да замислам дека ако Реал Мадрид даде гол, иститите играчи повторно ќе ги снема“.

„Кога сте млад треба да бидете смирен, а не арогантен, но Наполи вечерва не беше тоа. Не сакам да ги казнам иако не сум задоволен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани