Претседателот на
италијанскиот прволигаш Бреша, Масимо Челино на некој начин расистички ја опиша
ситуацијата во која се наоѓа моментално Марио Балотели, контроверзниот напаѓач
кој се пресели во омилениот клуб на неговиот татко, а при доаѓањето сведочеше дека неговата мајка плачела од среќа кога дознала за таа вест.
29 годишниот
напаѓач повторно е актуелен низ медиумите, но, како и вообичаено од неговата
кариера, повторно во негативна конотација откако имаше конфронтација со
неговиот тренер Фабио Гросо, кој јавно посочи дека напаѓачот не се залагал на
тренинзите и делувал мрзеливо, по што морал да го испрати предвреме во
соблекувалната, по што следеше и изоставување од мечот против Рома изминатиов
викенд.
Запрашан за
ситуацијата со Балотели, Челино рече: „Тој е црн, што би можел да кажам, тој работи на себе за да се исчисти, но
се соочува со многу компликации“.
Бреша по таа
изјава на Челино објави соопштение во кое наведе дека претседателот на клубот
се шегувал.
„Земајќи ги во
предвид зборовите од страна на претседателот Масимо Челино, а кои се однесуваат
на нашиот фудбалер Марио Балотели, Бреша категорично тврди дека станува збор за
парадоксална шега, која во јавноста погрешно беше разбрана“ стоеше во
соопштението на клубот.