Претседателот на Аталанта ќе ги помирува Гасперини и Папу Гомез, Интер ја чека разврската

by
1 минути читање

Информациите од Италија велат дека претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси се уште се надева дека може да ги помири Папу Гомез и Џан Пјеро Гасперини и аргентинскиот фудбалер ќе остане во клубот.

Интер внимателно го прати развојот на ситуацијата и почнува да прави конкретни чекори.

Се верува дека обесштетувањето кое ќе треба да се плати за Папу Гомез ќе изнесува околу 10 милиони евра, а Интер сака да пушти во Аталанта Матиас Весино и да направи трампа.

Неодамна спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио за Гомез изјави дека тоа е фудбалер кој секој клуб би посакал да го има.

Интер е најзаинтересираниот клуб за 32-годишнииот Папу Гомез и се верува дека доколку замине од Аталанта ќе се пресли во таборот на нероазурите од каде ќе замине Кристијан Ериксен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×