768
Фудбалската федерација на Турција ја прифати жалбата на Фенербахче и му ја преполови суспензијата, а му ја намали и паричната казна.
Мурињо првично беше суспендиран на четири натпревари, сега ќе биде само на два. Тој наместо 44.000 долари, ќе плати 15.000 долари.
Португалскиот стратег беше казнет поради погрдни зборови кон противниците по дербито со Галатасарај. Рече дека скокале како мајмуни на клупата, а таквата негова изјава крена многу бура.
Тој беше обвинет за расизам, во меѓувреме Мурињо поднесе тужба до Галатасарај за таквата квалификација.