Унаи Емери ќе
биде ставен на тест веќе на стартот од својата авантура на кормилото на
Арсенал, стретегот за прв противник ќе го има Пеп Гвардиола и шампионскиот тим
на Манчестер Сити.
Дуелот помеѓу
„Топчиите“ и „Граѓаните“ е дербито на првото коло од новата сезона во
Премиерлигата кое ќе биде на програмата на 11-12 август.
Овој викенд,
вецешампионот Манчестер јунајтед ќе го пречека Лестер, Ливерпул е домаќин на
Вест Хем, Тотенхем гостува кај Фулам а Хадерсфилд го пречекува Челси.
Шампионот на
Чемпионшип, Вулверхемтон се среќава со Евертон, повратниот Фулам исто така игра
на домашен терен против Кристал Палас, а Кардив гостува кај Борнмут. Во последните два
натпревари од отварањето на новата сезона, Саутемптон е домаќин на Барнли, а
Ватфрод се среќава со Брајтон на Викариџ Роуд.
Пеколниот старт
за Емери продолжува и во второто коло, кога Арсенал гостува кај градскиот ривал
Челси.
Од поинтересните
средби, дербито на Манчесестер е на програмата на 10. ноември, кога „Граѓаните“
ќе ги пречекаат „Црвените ѓаволи“. Тотенхем ќе го има првиот натпревар на
новиот стадион вреден 850 милиони фунти во 4. коло, а противник ќе им
биде Ливерпул. Лутото дерби на Северен Лондон помеѓу „Спарси“ и Арсенал е на
програмата на 1. декември.
Во декември се
игра и Мерсисајд дербито, на Енфилд пристигнува Евертон, а во овој месец Ливерпул
го пречекува и стариот ривал Манчестер јунајтед.
Целиот распоред можете да го погледнете ТУКА.