Премиерлигашите внимателни, нема патувања за фудбалерите во интернационалната пауза

by
1 минути читање

Клубовите од
најсилниот фудбалски шампионат на Островот, Премиерлигата нема да ги пуштат
своите фудбалери да патуваат за време на интернационалната пауза..

Иако по тоа
прашање ќе се разговара и дискутира, а логично е да се одложат сите тие
настани, иако првично најавена беше мерката да се игра без публика, веројатно е
дека нема да дојде ниту до тоа.

УЕФА во вторник на голем состанок ќе одлучува како понатаму во фудбалот

Како и да е,
поради мерките за справување со коронавирусот, медицинските тимови во
фудбалските клубови во Премиерлигата строго препорачале да се забранат било
какви патувања на фудбалерите овој период, а ризикот го оцениле како екстремен
во една таква ситуација, пишува „Дејли Мејл“.

На Островот има
благи мерки во однос на оние во Италија и Шпанија, каде фудбалот е суспендиран,
па претстојниов викенд Премиерлигата ќе ја проследиме без публика на трибините,
меѓутоа ситуацијата би можела да се смени драстично ако се земе во предвид дека
од Лестер посочија дека тројца фудбалери од нивниот тим пријавиле симптоми на коронавирус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани