63
По четири натпревари без победа Палермо конечно триумфираше во Серија Б и тоа над претпоследниот тим на табелата.
Натпреварот не започна најдобро за Палермо, Асколи со гол пред крајот на првото полувреме поведе со 1-0.
Со самиот почеток на вториот дел Палермо се разбуди и до 55. минута не само што направи пресврт туку веќе водеше со 3-1.
Илија Несторовски во 83. минута постигна прекрасен гол од слободен удар поставувајќи ги конечните 4-1.
Александар Трајковски остана на клупата за резервни фудбалери.