Тотнем со кратко соопштение на социјалните мрежи брифираше дека паднала одлука да му се врачи отказ на тренерот Анге Постекоглу, стратегот пред 16 дена на „спарси“ им донесе трофеј во Лига Европа.
Тотнем конечно се израдува на трофеј по пауза од 17 години, минатиот месец во Билбао стигна до триумф во Лига Европа.
Победата над Манчестер јунајтед значеше и пласман во Лигата на шампиони, но раководството на клубот предводено од Даниел Леви реши да му изгласа недоверба на тренерот Анге Постекоглу.
Голем број на извори попладнево објавија дека стратегот добил отказ, a кратко потоа се огласи и клубот од Северен Лондон со кратко соопштение на социјалните мрежи.
Се верува дека на Анге Постекоглу му пресуди очајната сезона во Премиерлигата, најлоша во историјата на „спарси“ со дури 22 порази и само 38 освоено бодови.
Томас Франк од Брентфорд се посочува како главен кандидат за нов тренер на Тотнем, тој има откупна клаузула во својот договор, но до овој момент нема конкретни преговори помеѓу двата клуба.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur