Правилата го налутија Депај, напаѓачот му пиша на Макрон: Не е фер да имате двојни аршини!

by
2 минути читање

Поради
пандемијата на ковид-19, ФИФА ги олабави правилата и им даде дозвола на
клубовите да одбијат да пуштат фудбалер на репрезентативна должност доколку тоа
значи одреден период на карантин.

Па во средата,
ЛФП им даде дозвола на Лига 1 и Лига 2 да не ги ослободат играчите кои ќе треба
да ја напуштат Европската унија. Сепак, беше направен исклучок за репрезентативците
на Франција, кои ќе можат да настапат за „триколорите“ против Казахстан и БиХ
без притоа да мора да одат во карантин кога ќе се вратат назад.

Ова особено го
налути Мемфис Депај, кој на социјалните мрежи испрати порака до владата на
Франција и претседателот Емануел Макрон.

„Влада на
Франција, дали можам да му се придружам на мојот национален тим во понеделник?
Тоа ќе биде фер бидејќи веќе направивте исклучок за репрезентацијата на
Франција која ќе патува надвор од Европа за да игра фудбал!!!“
– гласеше пораката
на Холанѓанецот.

Од одлуката на
ЛФП е погодена и Македонија, Влатко Стојановски нема да добие дозвола од Шамбли
за настап против Романија, Лихтенштајн и Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани