Светската куќа на фудбалот (ФИФА) и официјално ја одби жалбата на Фудбалската федерација на Франција која бараше да се поништи жолтиот картон кој го доби Мајкл Олисе.
Францускиот репрезентативец во судиското продолжение од мечот со Парагвај доби жолт картон.
Фудбалската федерација на Франција испрати жалба за жолтиот картон и се надеваше дека ќе му биде поништен. Но, добија негативен одговор од ФИФА.
Ова и не би било вест доколку претходно ФИФА немаше скандалозна одлука да му ја поништи суспензијата на американскиот напаѓач Балогун.
Очигледно сите репрезентации не се во ист кош, за некои правилата важат, а за некои не.
Олисе ќе мора да биде претпазлив во полуфиналето и да не добие нов жолт картон по кои би следувала суспензија.