Прандели: Никогаш не сакав да заминам од Фиорентина, но…

by
1 минути читање

Чезаре Прандели пет години беше тренер на Фиорентина, потоа стана селектор на Италија, па ги водеше Галатасарај и Валенсија.

Прандели сега е без работа и се шпекулира дека би можел да се врати во Фиорентина, бидејќи тимот во моментов не игра на нивото на кое го сакаат навивачите.

„Фиорентина во моментов игра нешто послабо, но не е во криза. Тимот е жив и одигра многу добро еден час против Торино“ – вели Прандели.

„Многу пати сум кажал, никогаш не сакав да ја напуштам Фиорентина, но нема да кажам ништо повеќе бидејќи не сакам да му направам проблем на некој“.

„Сега сакам повторно да се вратам на работа во тим кој можам да го развивам, а не во тим каде што се очекува да победувате само по две минути откако ќе отидете таму“.

„Во моментов сум без работа и ја пратам ситуацијата, гледам во која насока се развива фудбалот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани