87
Романскиот судија асистент, Октавијан Шовре се најде во центарот на вниманието откако по крајот на мечот меѓу Сити и Дортмунд, побара автограм од Халанд. Сепак причината за тоа е оправдана.
Шовре со години помага центар за деца и возрасни со тешки форми на аутизам во регионот Бихор во Романија. Центарот се финансира со донации и подароци кои се продаваат на акуции. Судијата земал автограм од Халанд со цел да го продаде на аукција и средствата да ги донира на центарот.