Познато е колку ќе добие Росениор за отказот од Челси!

by riste
1 минути читање

Имаше шест и пол годишен договор со Челси, но неговата авантура на Стемфорд Бриџ траеше многу кратко, доби отказ по петте последователни порази.

Договорот на Росениор со Челси вредеше 24 милиони фунти, но тоа не е сумата која ќе ја добие овој стратег како обештетување.

Според англиските медиуми, благодарение на клаузулите со кој Челси се заштитил за еден ваков момент, на Росениор ќе му бидат исплатени четири милиони фунти за отказот.

Можеби изгледа како мала сума, но и четири милиони фунти се многу за тоа што Росениор го направи во Челси.

Математиката вели дека таа сума е еднаква на 174.000 фунти по натпревар или 364.000 фунти по победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×