Познато е кој ќе ја носи „десетката“ во Аргентина по заминувањето на Меси

by Стефан
1 минути читање

Откако Лионел Меси најави повлекување од репрезентативниот фудбал, едно од главните прашања беше кој во иднина ќе го носи легендарниот број 10 во аргентинската селекција. Според последните информации, одговорот веќе е познат.

„ЕСПН“ пренесува дека во аргентинската репрезентација не биле изненадени од одлуката на Меси, бидејќи луѓето во националниот тим наводно биле информирани за неговиот план уште веднаш по финалето на Светското првенство против Шпанија.

Во иднина, престижната „десетка“ би требало да му припадне на Нико Паз. Младиот аргентински фудбалер има само 21 година, но веќе запиша 11 настапи за сениорската репрезентација и важи за еден од најталентираните млади играчи во Европа.

Паз моментално настапува за Комо, каде што пристигна од Реал Мадрид. И покрај интересот од неколку клубови во текот на летниот преоден рок, тој одлучи да остане во италијанскиот клуб и да продолжи со развојот во Серија А.

Интересно е што фудбалската приказна во семејството Паз не започнува со Нико. Неговиот татко Пабло Паз исто така го носеше дресот на Аргентина и настапи на Светското првенство во 1998 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×