Познати сите учесници во осминафиналето од Лига Европа, ждрепката е утре во Нион

by
1 минути читање

Љубителите на
фудбалот ќе имаат прилика да видат неколку звучни имиња во осминафиналето од
најмасовното европско натпреварување.

Секако,
најатрактивен противник е големиот Манчестер јунајтед, а тука се и Рома, Лион,
Шалке, Борусија Менхенгладбах и Селта.

Ждрепката ќе биде
извршена утре со почеток во 13 часот. Првите натпревари се закажани за 9. март,
а реваншите една недела подоцна.

Учесници во
осминафиналето од Лига Европа:

Ајакс (ХОЛ)
Андерлехт (БЕЛ)
АПОЕЛ (КИП)
Бешикташ (ТУР)
Б. Менхенгладбах (ГЕР)
Селта (ШПА)
Генк (БЕЛ)
Гент (БЕЛ)
Копенхаген (ДАН)
Краснодар (РУС)
Лион (ФРА)
Манчестер јунајтед (АНГ)
Олимпијакос (ГРЦ)
Рома (ИТА)
Ростов (РУС)
Шалке (ГЕР)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани