Познати се сите патници во осминафиналето од ЛШ, сите тие се од најдобрите пет лиги!

by
0 минути читање

Како никогаш претходно откако е формирана Лигата на шампионите, само екипи од Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција ќе играат во елиминационата фаза.

Како првопласирани во осминафиналето се пласираа: ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, РБ Лајпциг и Валенсија.

Од второто место во нокаут фазата одат: Реал Мадрид, Тотнем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Наполи, Борусија Дортмунд, Лион и Челси.

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во понеделник во 12 часот.

Нокаут фазата почнува на 16 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×