Елиф Елмас веќе
одреден период не е во плановите на Ајкут Кочаман, шефот на стручниот штаб на
Фенербахче, а младиот македонски фудбалер се шпекулира дека го привлекол гневот
кај искусниот стратег по тоа што го стори на мечот против Бешикташ во младинска
конкуренција, кога направи крвнички старт врз противнички фудбалер, по што
наводно неговиот однос со Кочаман целосно се срушил.
Нашиот талентиран
фудбалер за една седмица одигра три натпревари за младинската селекцијата на
Македонија за фудбалери до 19 годишна возраст, а турските медиуми ги оценија
неговите настапи како одлични.
Но, тоа не е
главното во тоа што го пренесуваат тамошните медиуми, се шпекулира дека неколку
европски гиганти под будно око ја следат ситуацијата со Елмас во Фенербахче, па
така, неколку екипи од Европа испратиле свои скаути да ги проследат настапите
на Елмас за Македонија против Латвија, Унгарија и Англија.
Неофицијалните
информации велат дека се работи за Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Феенорд и
ПСВ.
Извор: fanatik.com.tr