Претставниците на
Тимуе Бакајоко тврдат дека фудбалерот од средниот ред на Милан, кој настапува
како позајмен од Челси, задоцнил еден час на вчерашниот тренинг поради тоа што
снемал гориво во својот автомобил на пат кон тренинг центарот на клубот.
Од денеска, па се’ до понеделник, односно мечот со Болоња,
Росонерите ќе бидат во карантин во тренинг центарот, оваа одлука на Гатузо
падна токму поради доцнењето на Бакајоко на вчерашниот тренинг.
Гатузо збесна, поради Бакајоко настрада цел тим на Милан, играчите се обидоа да го разубедат, но сите во карантин пет дена
Калчомеркато ги
контактираше претставниците на Бакајоко, а тие ја открија причината за неговото
доцнење, тврдејќи дека останал без гориво на обиколница.
Обиколницата
требало да го насочи фудбалерот кон автопатот, а притоа да се упати кон тренинг
центарот на Милан, а Сан веќе пренесе дека Бакајоко е со мислите во Челси,
наводно посакува враќање во редовите на Премиерлигашот, најмногу откако беше
навредуван на расна основа во Италија.