Познат шпански стример го најави првото засилување за Лапорта и Барселона?!

by
1 минути читање

Барселона започнува нова ера откако Жоан Лапорта синоќа доби доверба одново да седне на чело на клубот. И покрај тоа што клубот е во голема финансиска криза поради ковид-19, се очекува летоска да пристигнат неколку звучни имиња.

Познатиот шпански стример и навивач на Барселона, Ибаи Љанос вели дека Кун Агуеро ќе биде првото засилување за Жоан Лапорта и „каталонците“.

„Мислам дека Барса ќе донесе нов Аргентинец“ – вли Ибаи во интервју за Ла Секста.

„Лаутаро? (ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез) Не, не, уште поголема бомба… Кун Агуеро“.

Напаѓачот на Манчестер Сити ги одработува последните месеци од договорот и често се говори дека ќе замине од Етихад. Тој е добар пријател со Лео Меси, па со недели се шпекулира дека Барселона ќе го ангажира како адут во намерата да го задржи својот капитен.

Кун Агуеро е голем љубител на видео игрите, во неколку наврати има гостувано кај Ибаи на „Твич“ па останува да се види дали тој знае нешто што другите не знаат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани