80
Овој натпревар првично требаше да се игра на 4. октомври, но Наполи не отпатува поради два позитивни случаи на ковид-19. Не добија дозвола за патување од локалното јавно здравство.
Јувентус најпрво го доби мечот службено со 3-0, а Наполи беше казнет и со минус еден бод.
Но, судот ја прифати жалбата на Наполи, казната беше избришана, а беше одлучено и дербито да се одигра.
Денеска е познат и датумот, мечот ќе се одигра на 17 март од 18:45 часот.