Повредата на Несторовски не е сериозна, ќе игра против Рома

by
0 минути читање

На натпреварот против Палермо, Несторовски заработи повреда на скочниот зглоб, се претпоставуваше дека ќе паузира некој натпревар но деталните лекарски прегледи покажале дека не станува збор за ништо сериозно.

Првичната болка поминала, па Несторовски почнал да тренира со остатокот од екипата.

Информациите велат дека Несторовски ќе настапи на дуелот со Рома кој се игра во недела во вечерниот термин.

Оваа вест е позитивна и за македонската репрезентација која на 24. март му гостува на Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани