102
Повеќе од 40
милиони Кинези го гледале дуелот на Еспањол на домашен терен против Реал
Ваљадолид во рамките на редовното коло од Примера, а причината е сосема јасна.
На дуелот настап
имаше и 27 годишниот фудбалер од средниот ред на домашниот табор, Ву Леи, кој
во 65. минута ги постави конечните 3-1 за Еспањол, постигнувајќи го својот
дебитантски гол за тимот каде игра почнувајќи од вториот дел во оваа сезона.
Како за
потсетување, речиси истата бројка гледачи ја имаше пред малите екрани на
Далечниот Исток и во дебито на Ву Леи во дресот на Еспањол сезонава, каде ги
одигра завршните 12 минути од гостувањето кое заврши со реми од резултат 2-2
минатиот месец.