Пристигнувањето
на Ферлан Менди на „Сантијаго Бернабеу“ го одведе Реал Мадрид до над 300 милиони евра
потрошени средства на трансфери ова лето, барем до овој момент, а не се
исклучува можноста таа цифра да се зголеми во периодот кој претстои.
Трансферот на
Французинот ги чинеше Кралевите 48 милиони евра, дополнително можни се уште и 5
милиони евра, а со тоа се надмина бројката од 254 милиони евра од 2009. година
кога тимот од шпанската престолнина потроши 254 милиони евра на трансфери како
оној на Бензема, Кака, Алонсо и Роналдо.
Потписот на
Родриго ги чинеше Кралевите 45 милиони евра, оној на Милитао 50, а 60 милиони
евра издвоија за трансферот на Лука Јовиќ, како и 100 милиони евра за Азар.
Летото ќе биде
долго на „Сантијаго Бернабеу“, Зинедин Зидан го реконструира составот за идната
сезона, па така, додека некои ќе треба да си заминат, повеќе засилувања се
планирани, меѓу кои се споменува и Пол Погба, за кого се шпекулира дека Реал
Мадрид ќе издвои до 150 милиони евра, можеби и повеќе.
Нема дилеми во
тоа дека од Реал Мадрид ќе си заминат и некои ѕвезди во тимот, а тоа ќе биде од
голема потреба најмногу за да се скратат трошоците, во најмала рака, па така
прв на тој список е секако Герет Бејл кој од поодамна е на излезна врата од
гигантот, се споменува секако и Хамес Родригез за кого нема место во плановите
на Зидан, неговата позајмица во Баерн Минхен веќе истече, Баварците не ни
помислуваат да го откупат неговиот договор, а Кралевите се шпекулира дека се
пред договор со Наполи.
Кралевите добро
знаат дека можат да потрошат само 100 милиони евра повеќе во однос на тоа што
ќе заработат од трансфери ова лето, така потребна им е заработка од 200 милиони
евра во продажба на фудбалери, пред да се насочат кон Погба за да го
реализираат тој трансфер.
„Марка“ направи компарација со претходно наведената 2009. година, период кога стартуваше ерата на Роналдо, победничка за тимот од шпанската престолнина, па споредбено со тогаш, еве каков е „пазарот“ на Реал Мадрид досега ова лето.