Постои поделеност во раководството на Манчестер за Мурињо, а Зидан би имал услов кој не би му се допаднал на Вудворд

by
2 минути читање

И покрај
неверојатниот пресврт против Њукасл на домашен терен изминатиов викенд во
редовното коло од Премиерлигата (3-2), во Манчестер јунајтед се уште останува
отворено прашањето
каква да
биде конечната одлука за Мурињо?
.

На Островот
речиси сите медиуми пишуваат на таа тема, а „
Independent“ наведува дека Зинедин Зидан, кој се споменува
како главен фаворит за наследник на Мурињо, би сакал да има целосна контрола во
трансфер политиката на клубот, тоа е главниот услов кој се споменува на
францускиот стратег. Веројатно ова е услов кој сигурно не би му се допаднал на
извршниот директор на клубот, Ед Вудворд, ако се земе во предвид дека неговата
„војна“ со Мурињо настана токму по тоа прашање, Португалецот не ги доби
посакуваните засилувања, а резултатите на тимот се очајни.

Оваа седмица ќе
следи состанок на високите челници на Премиерлигашот на кој ќе се разговара на
таа тема, а шпекулациите велат дека во клубот постои поделеност околу сево ова,
некои сметаат дека ситуацијата со Мурињо ги надминала сите граници, но, од
друга страна пак, Ед Вудворд и натаму не пријавува одлучност да му се врачи
отказ на Португалецот.

Исто така,
наводно постои и несигурност во раководството на Манчестер јунајтед за тоа дали
успехот на Зидан предводејќи го Реал Мадрид би можел да продолжи во
Премиерлигашот, но, доколку ситуацијата ескалира, јасно е дека Зидан ќе биде
кандидатот кој би го преферирал и самиот Вудворд.

Иако извесен
период Зидан се споменува како прва опција за наследник на Мурињо на клупата на
Манчестер јунајтед, сепак, неговиот агент во интервју за „
Journal du
Dimanche минатата седмица за момент сите тие најави
ги спушти на ниво на шпекулации.

Мислам дека тој
нема да биде тренер во Англија, не е негов стил. Веќе дискутирав со него на таа
тема, за него тоа не е привлечно, тој одлучи да одмори една година, нема да се
впушти во нови води се дур не заврши неговиот планиран одмор од фудбалот
“ рече
Алан Миљакио. 

Денес „Express објави дека Мурињо побарал од Вудворд две
засилувања во јануарскиот преоден рок за да се надмине кризата, „
Espn наведе дека главна цел е Милан Шкриниар од
Интер, а втората опција е Алесио Ромањоли од Интер, обајцата Мурињо посакува да
ги види во својот тим по нова година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани