Навивачите на
Реал Мадрид доживеаа ново, големо разочарување откако нивниот омилен тим
забележа нов пораз од својот лут ривал Барселона, во само една седмица
Каталонците ги елиминираа Кралевите од Копа дел Реј со убедлива победа од 0-3
на нивен терен, а викендов славеа минимален триумф од 0-1 во Примера, исто на
Сантијаго Бернабеу.
Со 12 бода
заостанување зад Барселона во Примера, сигурно дека Реал Мадрид сега фокусот ќе
го стави на одбрана на европската титула, но, Сантијаго Солари никако да се
справи со проблемите кои ги има во соблекувалната на гигантот.
Иако малкумина
очекуваа, шефот на стручниот штаб на Кралевите му укажа шанса на Герет Бејл
уште од првата минута на Ел Класико, за Велшанецот се шпекулира дека не е во
добри односи со своите соиграчи, а тој мина само 61 минута на теренот на
дербито, по што беше заменет со Асенсио.
Бејл доби свирежи
од гледалиштето веднаш штом беше прочитано неговото име во составот на
домаќинот пред самиот старт на мечот, а само неколку минути откако беше заменет
мина на клупата за резервни фудбалери, по што се упати во соблекувалната.
Велшанецот дури и
не сакал да го догледа крајот на дербито, па веднаш потоа се упатил кон својот
дом, па оваа информација наиде на големо незадоволство кај фановите на
Кралскиот клуб.