Последни подготовки пред квалификациите за ЕП: Фудбалерите до 21 година ги чекаат дуелите со Косово (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги одработува финалните подготовки пред двата пријателски натпревари против Косово, кои ќе бидат последна проверка пред почетокот на квалификациите за Европското првенство во септември.

Избраниците на новиот селектор Горан Станиќ веќе тренираат неколку дена, а денешната сесија ја одработија под дожд, којшто го зафати поголемиот дел од земјата. Атмосферата во таборот е позитивна и селекцијата со полн интензитет работи на воигрување и подигнување на формата.

Првиот меч со Косово е закажан за 28 мај од 19:00 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, додека реваншот ќе се игра три дена подоцна, на 31 мај од 15:00 часот на терените на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Овие две контролни средби ќе му послужат на стручниот штаб да направи дополнителни анализи и селекција пред стартот на квалификацискиот циклус во септември, кој ќе биде клучен за новата генерација млади фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани