Португалија прв финалист и домаќин на Лига на нации!

by
1 минути читање

Познат е првиот
учесник на Ф4 турнирот од новото натпреварување Лига на нации. Португалија ќе биде
една од четирите репрезентации кои ќе се борат за трофејот откако вечерва
избраниците на Сантош одиграа реми без погодици на гостувањето кај Италија.

Ова значеше и
дека Португалија ќе ја добие организацијата на завршниот турнир со оглед на тоа дека конкуренти им беа токму „Аѕурите“. „Драгао“
стадионот во Порто и стадионот „Алфонсо Хенрикеш“ во Гимараеш ќе бидат местата
каде во јуни следната година ќе се кршат копјата за првата титула во Лига на
нации.

На останатите
денешни натпревари, Србија направи значаен исчекор кон првото место во групата
откако со 2-1 ја доби Црна Гора на свој терен. Турција се сели во ранг подолу
откако пред свите фанови загуби со 0-1 од Шведска.

Азербејџан и
Косово триумфираа над Фарски Острови со 2-0 односно Малта со 5-0 и во вторник
во меѓусебен дуел ќе одлучуваат кој ќе го освои првото место во групата и место
во баражот за ЕВРО 2020.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани