Порто со друг легендарен голман го менува Касиљас

by
0 минути читање

Португалскиот весник „О Жого“ тврди дека цел број еден на Порто во летниот преоден рок е ангажман на Џиџи Буфон.

Португалскиот клуб е во потрага по нов голман откако Икер Касиљас ја заврши кариерата по срцевиот удар кој го имаше минатиот месец.

Буфон е слободен агент откако ја прекина соработката со ПСЖ, па може лесно да се договори со Порто доколку добие понуда која му одговара.

Џиџи Буфон и Икер Касиљас важат за едни од најдобрите голмани на сите времиња во светот на фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани