Порно сајт сака да го замени Пирели како спонзор на Интер, нуди двојно повеќе пари

by
1 минути читање

Пирели е спонзор на дресот на Интер од 1995 година, но соработката ќе заврши на крајот од сезоната. Производителот на гуми плаќа околу 12 милиони евра годишно, што е премалку за денешни услови па газдите Сунинг бараат нов партнер кој ќе донесе многу повеќе пари во клупската каса.

Последните информации велат дека порно сајтот Стрипчет доставил понуда да стане нов спонзор и со 23 милиони евра годишно да го заменат Пирели на дресот на Интер.

„Нероаѕурите“ се надеваат дека ќе најдат компанија која ќе биде подготвена да искешира околу 30 милиони евра, се шпекулира со имињата на Самсунг и Евергранде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани