Поразот од пред 15 години се уште го боли Пике: Голот на Милито беше од офсајд, тој на Бојан беше чист како солза

by bojan
1 минути читање

Во пресрет на натпреварот помеѓу Барселона и Интер во полуфиналето на Лигата на шампиони, Жерард Пике даде свое видување и покажа дека поразот од пред 15 години се уште боли.

Барселона и Интер играа полуфинале во Лигата на шампиони во сезоната 2009/10, тогаш „нероаѕурите“ со вкупен резултат од 3-2 ги елиминираа „каталонците“ и подоцна стигнаа и до трофејот во најелитното европско натпреварување.

Во пресрет на вечерашниот натпревар на „Монжуик“, Жерард Пике седна на разговор со Скај Италија.

„Мислам дека Барселона за нијанса е фаворит. Интер има одлична сезона, но влегоа во резултатска криза на последните неколку натпревари, додека пак Барселона пред неколку дена триумфираше во Копа дел Реј“ – вели поранешниот дефанзивец на Барса.

„Сигурно ќе гледаме два одлични натпревари, се надевам дека Барселона ќе оди во финале“.

Шпанецот потоа се потсети на двомечот од пред 15 години: „Паметам колку долго патуваме до Милано со автобус поради ерупцијата на вулкан во Исланд. На првиот натпревар загубивме со 3-1 со гол на Диего Милито од офсајд“.

„На реваншот го дадовме максимумот, јас дадов гол за 1-0 а потоа во финишот Бојан Кркиќ погоди за 2-0, но голот беше поништен, иако јас сметам дека беше чист како солза“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани