Реал Мадрид
синоќа забележа дебакл од Барселона на свој терен откако доживеа пораз од 0-3
во реванш пресметката со својот голем ривал во полуфиналето од Копа дел Реј, а
Каталонците по ремито од 1-1 на домашен терен се пласираа во финалето од тоа
натпреварување.
Поранешниот
претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон имаше реакција на социјалните мрежи
веднаш по поразот на Кралевите, а навести дека од идната сезона тимот од Мадрид
ќе има нов тренер, и тоа Жозе Мурињо.
„Имам чувство, а
можеби и нешто повеќе од тоа, дека Мурињо ќе биде тренер на Реал Мадрид од
следната сезона“ напиша Калдерон, дополнувајќи го притисокот кој сега
значително е поголем врз Сантијаго Солари.
class="twitter-tweet" data-lang="en">Tengo la sensación, y algo más, de
que la próxima temporada Mourinho se sentará
en el banquillo del @realmadrid—
Ramón Calderón (@rcalderonorg) February
27, 2019