Поранешниот агент на Инсиње: Мертенс во Јувентус по барање на Сари

by
1 минути читање

Дрис Мертенс е
една доста интересна и актуелна тема низ Италија, неговиот договор со Наполи
истекува на лето, а тој уште во овој јануарски преоден рок има можност да
преговара со заинтересираните клубови за неговите услуги.

Од поодамна Интер
и Рома имаат пријавено интерес за искусниот Белгиец, а обата клуба сериозно ја
следат ситуацијата околу неговата иднина, меѓутоа извесен период се споменува и
Јувентус.

Во интервју за „Радио
Спортива“, поранешниот агент на Лоренцо Инсиње, тврди дека „Старата дама“ не би
требало да биде отфрлена како опција за иднината на Мертенс.

На крајот
изненадување би било да пристигне во Јувентус како слободен играч на трансфер
пазарот, и тоа по барање на Маурицио Сари
“ вели Антонио Отаиано.

32 годишниот
Мертенс од 2013. година па наваму е член на Наполи, а за италијанскиот
вицепрвак успеа да запише 219 настапи, на кои постигна и 88 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани