Поранешен фудбалер на Виљареал пронајден мртов

by
2 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Виљареал Б, Уругваецот Франко Акоста е пронајден мртов откако по
него се трагаше уште од саботата кога беше алармирано дека исчезнал откако
заминал на пливање.

25 годишниот
Акоста е пронајден денеска во Каналонес, во неговата родна земја, меѓутоа
неговото тело не давало знаци на живот, а веднаш реагираа од Виљареал, односно
Расинг Сантандер каде играше на позајмица, кои изразија сочуство до неговите
најблиски.

Како што извести
националната уругвајска телевизија „ЕФЕ“, од таму наведоа дека безживотното
тело на Акоста било пронајдено близу местото каде што тој бил последен пат
виден, од каде се обидел да преплива дел од една река во јужниот дел на
Уругвај.

Многумина во
Уругвај гледаа голема перспективен напаѓач во Акоста, како и во
јужно-американскиот фудбал воопшто, кариерата ја започна во Феникс, по што
следеше преселба во Виљареал Б во 2015 година, клуб, чиј член беше до 2020
година, но беше испратен и на позајмица во Расинг Сантандер во 2018 година, по
што лани се врати во Уругвај, односно во второлигашот Атенас, има настапувано
за селекциите на Уругвај за фудбалери до 17, односно 20 годишна возраст.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани