И сето ова се случи на пријателски натпревар. Репрезентативната пауза Осјек ја искористи за пријателски меч со Младост и победи со 3-0. Овој меч ќе останел незабележителен доколку во 63. минута не се случеше еден необичен момент.
Судијата досуди сомнителен пенал, а играчот на Осјек, Харис Хајрадиновиќ наместо сериозно да шутира одлучи топката да му ја додаде на голманот со што покажа дека судијата погрешил.
Иако тоа е потег за почит, на неговиот тренер воопшто не му се допадна.
„Не одобрувам таков потег. Тој не смееше сам да донесе таква одлука, но нема за ова јавно да зборувам. Во соблекувалната ќе поразговарам со него за овој потег. Ако не сакаше да шутира, требаше пеналот да му даде на друг играч да го изведе ударот. Подоцна требаше да бидат досудени уште два пенали за нас, но не беа. Хајрадиновиќ не е тој кој треба да суди, туку да игра“, изјави неговиот тренер, Зоран Зекиќ.