Помошник тренер по пет години пауза влезе во игра и постигна спектакуларен лоб (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Копенхаген и Оденсе
денеска одиграа тест натпревар кој заврши 2-2. Шоуто го украде помошник
тренерот на гостите.

40 годишниот
Хенрик Хансен, кој се пензионираше во 2015, во финишот од мечот истрчна на теренот откако еден
фудбалер се повреди а Оденсе веќе ги имаше искористено сите играчи на клупата.

Иако нема играно
фудбал пет години, за неколку минути покаже дека се уште има фудбалска магија
во нозете. По едно невнимание на голманот и дефанзивата на Копенхаген, Хенрик Хансен ја освои топката и со лоб од место од 16 метри постигна спектакуларен гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×