Најдобрата македонска
фудбалска репрезентација денес го игра првиот од двата предвидени контролни
натпревари во Анталија, а по првите 45 минути игра, мируваат мрежите од
головите на средбата со Финска.
Избранциите на
Ангеловски имаат мини-доминација во првото полувреме, но топката тешко стигнува
до казнениот простор на противникот, истото важи и за спротивната страна, па во
првиот дел од мечот имаше само една посериозна шанса.
Алиоски ја имаше
најсериозната прилика да постигне гол откако по одлично одработена акција по
десната страна Ристовски нафрли во казнениот простор на противникот, на топката
наиде Алиоски кој се избори да шутира со глава, но неговиот обид во 20. минута
заврши само во конструкцијата од голот на Финска.
Македонија: Димитриевски, Муслиу, Ристевски, Велковски, Барди,
Спировски, Адеми, Алиоски, Ристовски, Пандев и Несторовски.
Мечот во Белек се игра
покриен со видео асистенција за судиите (т.н. ВАР-технологија), што е прв пат
за една наша селекција да игра по новите правила за спорни ситуации од страна
на ФИФА.