Полуфинале: Шкендија го посакува и пехарот во Купот, но и Ренова има свои амбиции, бранителот Пелистер против Академија Пандев

by
1 минути читање

Шкендија – Ренова,
Пелистер – Академија Пандев, ова се двете полуфинални пресметки, први во купот
на Македонија кои денес ќе се одиграат во терминот од 14 часот.

Тетовските црвено-црни
имаат можност да ја освојат двојната круна во нашиот фудбалски шампионат откако
се поизвесно е дека ќе завршат како првопласирани во Првата лига, но има и
Ренова свои амбиции во Купот, а за да стигне до финалето ќе мора да го
елиминира својот голем градски ривал.

Ќе издвоиме дека Шкендија
е во хендикеп за овој двомеч поради тоа што ќе игра без својот повреден капитен
Ферхан Хасани.

Минатогодишниот освојувач
на Купот, битолски Пелистер ќе се судри со Академија Пандев, дебитантот во
нашиот најсилен фудбалски шампионат.

Дали ќе се повтори ланското финале Шкендија – Пелистер останува да видиме по двомечот на двете пресметки од полуфиналната рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани