Покрај Санчез и Озил, Арсенал ризикува да загуби уште тројца фудбалери

by
1 минути читање

Арсенал ризикува да доживее вистински егзодус престојното лето, се уште не се продолжени договорите со Џек Вилшер, Окслејд Чембрлејн и Киран Гибс.

Ситуацијата на овие тројца фудбалери е иста како на Санчез и Озил, нивните актуелни договори траат до 2018 година и доколку Арсенал сака да останат мора да им понудат продолжување на соработката кое ќе им одговара на играчите.

„Стандард“ пишува дека клубот се уште не им испратил формални понуди на Вилшер, Чембрлејн и Гибс и голема е веројатноста тие да заминат од клубот.

Вилшер игра на позајмица во Борнмут оваа сезона и стартуваше на 19 меча во Премиерлигата досега. Чембрлејн и Гибс не се задоволни од својот статус, повеќе се на клупата отколку на теренот.

Над Арсенал висат многу „непознати“ пред летниот преоден рок. На Венгер му истекува договорот и нејасно е дали ќе го продолжи. Санчез и Озил ќе имаат сериозни понуди од големи европски клубови па најверојатно ќе го напуштат Северен Лондон. А нејасна е и иднината на Вилшер, Чембрлејн и Гибс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани