Покрај огромната плата, Мурињо ќе добие и голем бонус ако заврши со Тотнем во топ четири оваа сезона

by
0 минути читање

„Сан“ открива дека Мурињо ќе добие 2 милиони фунти бонус за пласман на Тотнем меѓу четирите најдобри во Премиерлигата.

Според сегашниот изглед на табелата таа мисија ќе биде исклучително тешка бидејќи Тотнем се наоѓа на 14. место на табелата со 11 бодови заостанување зад четвртата позиција на која во моментов е Манчестер Сити.

Годишната плата на Мурињо во новиот клуб е 15 милиони фунти, повеќе од него добива само Пеп Гвардиола. 

Тотнем има само три победи од 12 меча оваа сезона и тоа е причината поради која Покетино доби отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани