Покетино во ПСЖ носи и ѕвезда со која работеше во Тотнем?

by
1 минути читање

Поранешниот
тренер на Тотнем, Маурицио Покетино се поврзува со ПСЖ откако францускиот првак
му врачи отказ на довчерашниот тренер Томас Тухел, а доколку се остварат
најавите за Покетино, Аргентинецот со себе ќе го донесе и Кристијан Ериксен.

Данецот имаше
одлична соработка со Покетино во Тотнем, а дека Интер нема никаков план со него
за во иднина потврдија и од италијанскиот прволигаш, па така плејмејкерот во
моментов е на трансфер листа за продажба.

Покетино и
Ериксен имаа соработка на вкупно 255 натпревари во Тотнем во шесте сезони во
тој клуб, само Хари Кејн и Сон постигнаа повеќе погодоци од Ериксен во ерата на
Покетино, но двоецот не успеа да ја освои титулата заедно.

Интер од друга
страна пак е заинтересиран за Леандро Паредес, а во Италија наведуваат дека е
можно да дојде до трампа помеѓу обата клуба, а сосема е разбирливо како се
интензивираа шпекулациите за можна преселба на Ериксен во француската
престолнина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×