Покетино во ПСЖ е лоша вест за Барселона

by
1 минути читање

„Ле Парисиен“ тврди дека наскоро Покетино ќе стави потпис на договор со ПСЖ, деталите се пеглаат и зделката е пред комплетирање. Весникот додава дека со пристигнувањето на Маурисио во францускиот клуб, нагло се зголемуваат шансите тие да ја добијат битката за Меси.

Покетино никогаш не ја криел желбата да му биде тренер на неговиот сонародник Лео Меси. Двајцата имаат добар однос кој може да биде пресуден за трансфер.

Кандидатите за претседател на Барселона ветуваат дека ќе го задржат Меси на Камп Ноу, секој од нив тврди дека ја има понудата која Аргентинецот не може да ја одбие, но овие ветувања се нормални за едно предизборие.

Засега Меси е фокусиран на Барселона, во последно време ништо не изјавил за својата идинина, која уште некое време ќе остане мистерија.

Тој веќе од јануари ќе може да преговара со други клубови, бидејќи во јуни му истекува договорот со Барселона и станува слободен играч.

Опциите се три, останување во Барселона, или премин во ПСЖ или Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×