Луис Енрике во
средата соопшти дека по крајот на сезоната заминува од Камп Ноу, па медиумите
веднаш почнаа да пишуваат за тоа кој ќе седне на жешкото столче на Камп Ноу.
Менаџерот на
Тотенхем, Маурисио Покетино е едно од имињата кои се споменуваат како можни
наследници на Луис Енрике.
„Не сакам да
зборувам на оваа тема, луѓето ќе се обидат да ги испревртат моите зборови” – рече стратегот на денешниот прес.
„Можам да кажам
само дека сум среќен тука”.
„Разбирам како
функционира овој бизнис, разбирам дека моето име е на некоја листа”.
„Сте ја виделе ли листата,
има 100 имиња на неа!”
„Но не сум
поласкан. Јас сум дел од еден од најголемите клубови во Европа, играме добар и
возбудлив фудбал, па нормално е што го привлекуваме вниманието на другите
клубови”.