Пол Погба е на
репрезентативниот собир на Франција која утревечер (21,00) на домашен терен ќе
ги одмери силите со Исланд во контролен меч, фудбалерот на Манчестер јунајтед
ја искористи „оддалеченоста“ од својот тренер во Манчестер јунајтед, Жозе
Мурињо, да испрати порака по повод капитенската лента.
Да се биде
капитен на Триколорите не е една од неговите големи амбиции, тврди самиот
Погба, кој додава дека може да се биде лидер во тимот и без притоа да се има
капитентската лента на својата рака.
Фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед и освојувач на светската титула со Франција
од изминатиот Мундијал во Русија е најозборуваното име низ медиумите, а
причината за тоа е секако неговиот разнишан однос со Мурињо.
Запрашан за тоа
дали би сакал да има официјално лидерство на теренот за Франција, Погба го даде
примерот на Андреа Пирло во времето кога настапуваше за Јувентус, кој, како
капитен не бил најгласен во соблекувалната на Старата Дама.
„Никогаш не играв
за Франција за да бидам капитен, да се биде тука е нешто посебно за мене. Не
мора да бидете капитен за да зборувате, лидерот е нешто повеќе од една
капитенска лента на себе. Како лидер можете да зборувате на теренот, но, имам
видено лидери во екипи на кои не им е потребно гласно зборување“ вели тој.
„Како за пример
ќе го посочам Пирло, тој е лидер, но, нема да зборува гласно во соблекувалната.
Тој ќе биде на теренот и ќе ви го покаже вистинскиот пат, тој е вистински
лидер, носењето капитенска лента на себе никогаш не било голема цел“ додаде
Погба.
На Французинот му
беше одземена опцијата да биде заменик капитен на Манчестер јунајтед, лично од
Жозе Мурињо, откако фудбалерот упати критики оваа сезона до тактиката која ја
користи Премиерлигашот, барајќи неговиот тим повеќе да напаѓа, а коментарите „Треба
да напаѓаме“ кои дојдоа токму по ремито против Вулверхемптон на домашен терен
од 1-1 му донесоа и нов судир со португалскиот стратег кои резултираа со
одземање на опцијата да биде заменик капитен на тимот од Олд Трафорд.