Погба сакаше да се прави мангуп и да шутира од 40 метри, еве како тоа заврши (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Триколорите“
забележаа уште една победа на подготовките за мундијалот, вчера во Ница со 3-1
славеа над Италија. Дидје Дешам може да биде задоволен од изданието на неговиот тим но не и од
перформансите на Пол Погба, кој треба да биде еден од лидерите на
репрезентацијата.

Фудбалерот на
Манчестер јунајтед одигра под очекувањата а кога беше заменет кон финишот на
мечот се слушнаа свирежи од трибините.

Пол Погба исто
така имаше и потег со кој се изглупира за сите пари. Во 75. минута од мечот
реши да се прави мангуп и да шутира од 40 метри. Но обидот беше толку лош што
наместо голот тој за малку ќе го погодеше корнер знаменцето. Веројатно само тој
знае што сакаше да направи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани