Погба му кажал ДА на Паратичи, Јувентус сега гледа кого да жртвува зошто „ѓаволите“ бараат најмалку 150 милиони евра

by
1 минути читање

Спортскиот
директор на Јувентус, Фабио Паратичи минатата недела беше во Коња за
натпреварот помеѓу Турција и Франција во квалификациите од Европското
првенство.

Медиумите од
Италија пишуваа дека на неговата агенда се Мерих Демирел и Пол Погба.
Дефанзивецот на Сасуоло и Турција од поодамна е желба на „Старата дама“ и се
говори дека неговиот трансфер практично е договорен. Што се однесува до Французинот,
тој е сонот на лидерите на клубот за нова бомба. 

Според пишувањата
на Кориере дело Спорт, Фабио Паратичи разговарал со Пол Погба и добил ДА од играчот за враќање во Торино. Сега спортскиот директор треба да скрои план
како да собере средства за комплетирање на зделката.

Весникот пишува
дека Манчестер јунајтед бара најмалку 150 милиони евра за услугите на
фудбалерот од средниот ред, па ова значи дека Фабио Паратичи ќе треба да
продава. Овој список е долг со имиња како Жоао Кансело, Даглас Коста, Хуан
Квардадо, Матија Перин и Марио Манџукиќ, а можеби ќе треба да се жртвува и
големо име како Пауло Дибала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани