Погба им се доверил на пријателите: Или тој или јас

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед има лош почеток на сезоната, резултатите не се според очекувањата, а ниту атмосферата во соблекувалната не е на нормално ниво.

Мурињо ја губи контролата во соблекувалната, а еден од најнезадоволните е Пол Погба кој е во постојан конфликт со Португалецот.

„Мирор“ пишува дека Пол Погба им се доверил на најблиските и им рекол дека ќе си оди во јануари од Манчестер јунајтед, би останал во клубот само доколку Мурињо биде избркан.

Тој смета дека Мурињо го посрамотува со неговиот систем на игра, тактиката на тренерот го ограничува и тој не може да го покаже сиот свој сјај. А таков проблем имаат и други фудбалери.

Манчестер јунајтед вечерва ја пречекува Валенсија во натпревар од Лигата на шампионите, Погба се очекува да биде стартер на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани