Пол Погба не ја
отфрла можноста да си замине од Манчестер јунајтед, наведувајќи дека за него
сон е еден ден да игра за Реал Мадрид, меѓутоа, во моментов, како што вели и
самиот тој, е задоволен што е дел од Манчестер јунајтед.
„Да, сите
фудбалери би сакале да играат за Реал Мадрид, тоа за мене е сон, зошто да не се
оствари еден ден?“ вели Погба.
„Меѓутоа, јас во
моментов сум член на Манчестер јунајтед, го сакам овој клуб, играм за него,
задоволен сум и сакам да дадам максимум од себе за да му помогнам да биде онаму
каде што припаѓа, имам одлична соработка со моите соиграчи“ додава тој.
Трансфер сагата
околу фудбалерот од средниот ред и натаму ќе продолжи, а клубот одбива да влезе
во преговори со него околу можноста за нов договор, актуелниот му истекува
идното лето, а во истиот има и опција за дополнителни 12 месеци.
„Никој не ме
известил за ништо конкретно, не сум разговарал со Вудворд, не сме разговарале
за нов договор“ заклучи Французинот алудирајќи на тоа дека нема ништо од
преговори до овие моменти за нов договор со „Црвените ѓаволи“.